Џихадистите ги убиваат ранетите борци за да ги продадат нивните органи
Групата Исламска држава ги убива ранетите свои борци во Ирак, за да ги продадат нивните органи во странство и да обезбедат пари, откако почнаа да губат територии.
Ова го пишува весникот Ал Сабах повикувајќи се на неименуван извор во Мосул. Весникот наведува дека ИД имаат тим на лекари кои ги вадат виталните органи од ранетите борци.
Лекарите биле принудени да вадат органи од борците. Затворениците и заробениците на ИД се обврзани да даваат крв за џихадистите, пишува Дејли мејл.
Според медицински извори, пишува Ел Мондо дека во една болница работници виделе тела на најмалку 183 лица чии органи биле извадени од нивните тела.
Слично
