Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЏИХАДИСТИЧКА МАШИНЕРИЈА: Зошто ИСИС не може да биде поразена без борба на копно

ЏИХАДИСТИЧКА МАШИНЕРИЈА: Зошто ИСИС не може да биде поразена без борба на копно

Финансирањето на џихадистичката воена машинерија нема да биде сопрено со бомбардирањето на инфраструктурите на ИСИС, проценуваат западните експерти.

Иако коалицијата под водство на САД неодамна го славеше убиството на Абу Салах, кој бил задолжен за управување со финансиите на ИСИС, сепак деталните истражувања на економската ситуација во ИСИС и понатаму покажуваат дека без копнени напади нема да е можно да се спречи финансирањето на операциите на џихадистите и исплата на плати на нивните 30 000 екстремисти.

Познатиот весник "Financial Times" состави проценка на економската состојба во ИСИС:

Во последната година Исламистите многу заработиле со грабежи ни напади и оданочување на нафтата, која претставува нивен основен извот на финансирање.

ИСИС заработува скоро 900 милиони долари годишно, од кои 2/3 се за војската. На нивната главна воена сила, регрутите во калифатот, одат годишно помеѓу 200 и 250 милиони долари.

Секој месец главните борци добиваат по 20 милиони долари, додека локалните добиваат помеѓу 15 и 20 милиони долари.

Организацијата има многу централизиран буџет, со која се управува од Мосул, и десеттина регионални буџети кои имаат посебни раководители. Не постои електронски банкарски систем, па одговорноста е многу нерамномерно распределена.

Кога коалицијата почна со напади врз Исламската држава во 2014 година се сметаше дека терористичката група ќе банкротира за 12 месеци. Но, денешните податоци покажуваат дека ИСИС поседува доволно резерви и странски приходи за да може да продолжи со воени операции со исто тепмо уште три години.  Затоа и многу експерти на оваа област посочуваат дека за целосно уништување на непријателот, неопходна е борба на копно.

Слично

Поврзани вести