Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џихадисти заробија 300 работници од фабрика за цемент

Џихадисти заробија 300 работници од  фабрика за цемент

Џихадисти од Исламска држава киднапираа над 300 работници од  фабрика за цемент источно од Дамаск, пренесе СНН, повикувајќи се на сириската државна агенција Сана.

Меѓу луѓето во заробеништво биле и дел од раководството на компанијата. Според изворите, за киднапирањето се разбрало, кога компанијата го информирала Министерството за индустрија, дека нема врска со исчезнатите. Според жители на градот Дмеир, како и информации на директорот на фабриката, луѓето ги нема уште од понеделникот. Во областа во која се наоѓа фабриката  има жестоки борби меѓу владините сили и џихадисти. ОН соопштија дека планирал голема евакуација на повредени и болни луѓе од сириски градови под опасада. Акцијата ќе се одржи следната недела, а ќе бидат спасени  над 500 лица цивили.

Слично

Поврзани вести