Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џихадисти влегуваат во Европа камуфлирани како бегалци

Џихадисти влегуваат во Европа камуфлирани како бегалци

Терористи претставувајќи се како сириски бегалци влегуваат во Европа, предупредива компанијата за експертиза за меѓународен теоризам.

Од таму информираат дека од мај до сега се осомничени над 40 бегалци како потенцијални џихадисти.

Само во Турција биле фатени деветнаесет од 43-ца џихадисти, а другите успеале да стигнат до Европа пред да бидат идентификувани.

Конзорциумот за истражување и анализа на тероризмот со седиште во САД, неделава соопшти дека 41 милитант поврзани со Исламската држава и двајца од ривалската Џабхат ал-Нусра, претставник на Ал Каида во Сирија, биле приведени додека се претставувале како бегалци.  Некои од нив имале и лажни патни исправи.

Инаку, бегалскиот бран се уште не стивнува. Меѓународната комисија за спас на бегалците вели дека 36.000 лица влегле во Европа само во првите три недели од јануари, вклучувајќи ги и бегалците од воените зони на Блискиот Исток и економските мигранти од Африка.

Слично

Поврзани вести