Џихадист во руски затвор ги открил сите планови на ИСИС
Припадник на Исламската држава, кој бил уапсен во Русија по враќањето од фронтот во Сирија, постигнал договор со руските безбедносни служби.
Тој ги открил имиња на десетина терористи, вклучувајќи ги и тие кои планирале напади на руска територија.
Човекот познат како Исламбек се приклучил на џихадистите во Сирија, пренесува московскиот дневник „Комерсант.
Тој бил ранет во ногата и бил испратен во Русија, по што бил фатен од руските агенти. Исламбек открил дека во кампот во Сирија бил со околу 1500 луѓе од Русија.
Некои од нив биле обучени за поставување на мини и бомби и за операции надвор од Сирија, вклучувајќи ја и Русија.
Тој во замена за поблага казна, не само што ја открил стратегијата и структурата на терористичките групи во Сирија кои се составени од руски државјани, туку доставил и докази за тие кои што ги поддржуваат и плаќаат.
