ЏИХАДИСТ КОЈ ПОБЕГНАЛ ОД СИРИЈА: ИСИС планира истовремени напади ширум Европа
По многубројните брутални убиства на ИСИС, германскиот џихадис Харис С. Решил да побегне од редовите на Исламсаката држава и да се врати во својата земја.
Денес тој се наоѓа во затвор, каде полицијата и германската безбедносна служба го испитуваат, откако го уаспија на аеродромот кога се враќал од Сирија.
Овој бивши припадник на терористичката ИСИС, има 27 година и во интервју за магазинот „Шпигл” најави дека џихадистите планираат нови напади во повеќе земји од Европа.
„Нивната идеја е да изведат повеќе истовремени напади во неколку земји на Европска Унија. Не можев да останат во ИСИС бидејќи едноставно не можев да ја издржам нивната бруталност” – раскажал некогашниот џихадист.
Харис ја минал и обуката во Раки за специјална единица која требало да ги изведува борбените мисии во населени места при изведување самоубиствени напади, но избегал пред да го пратат во борба.
Германските служби тврдат дека повеќе од 700 Германци преминале во редовите на Исламската држава во Ирак и Сирија.
