Џек Ма: Третата светска војна доаѓа и ова е добра вест
Третата светска војна доаѓа, но тоа е добра вест, смета еден од најбогатите луѓе во Азија.
Основачот и извршен претседател на Alibaba Group Џек Ма изјави дека интернет и различни платформи ќе предизвикаат бран од глобални конфликти. Таа сепак нема да доведе до јаз помеѓу страните, а ќе ги натера гигантите како САД и Кина да работат заедно за да ги спречат јавни проблеми.
"Третата светска војна ќе се случи, но тоа нема да е меѓу нациите", рече Ма за време на предавањето, организираноод Економскиот клуб во Њујорк. "Во оваа војна ние ќе работиме заедно против болеста, сиромаштијата, климатските промени. Јас верувам дека ова е нашата иднина ".
Ма изјави дека активностите за поттикнување на таков конфликт е страста на неговиот живот. "Не станува збор за пари, туку за соништа", истакна претприемачот.
Кинескиот гигант во електронската трговија Alibaba работи активно за проширување во САД, обезбедувајќи голема турнеја на американскиот пазар оваа недела. Иако некои сугерираат дека Alibaba може потенцијално да стане директен конкурент на Amazon во САД, други остануваат скептични за таков развој на работите.
Ma сепак, истакна дека неговата компанија не е аналогна на интернет гигантот на Џеф Безос.
"Од гледна точка на Америка Amazon можеби е единствениот бизнис модел за електронска трговија, но ние сме различни", рече тој, објаснувајќи дека Alibaba не купува, продава или дури испорачува производи, ниту пак има магацини.
Наместо тоа Ma гледа на Alibaba како помош на малите бизниси кои бараат успех на глобалниот дигитален пазар, и ги повика и американските компании да се вклучат.
"Имаме голема почит кон eBay и Amazon, но гледам како можност и стратегија за нас да им помогнеме на малите бизниси во Америка да одат во Кина и да ги продаваат своите производи таму", рече тој, додавајќи дека кинеската средна класа продолжува да расте.
