Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џакарта ќе гради 17 вештачки острови на брегот

Џакарта ќе гради 17 вештачки острови на брегот

Градската влада на Џакарта ќе гради 17 вештачки острови на крајбрежјето на индонезиската престолнина за да направи место за нов развој, соопштија локалните медиуми, пренесува ДПА.

-Има планови за изградба на хотели, апартмански комплекси и деловни згради, изјави заменик гувернерот Басуки Тјајаја Пурнама.

Тој додаде дека земјата што ќе се мелоризира ќе биде изнајмена од приватните градители.

Администрацијата, исто така, наведува дека ќе почне со изградба на крајморски ѕид за заштита од поплавување на Џакарта Беј, проект за град од 10 милион луѓе.

Околу 40 отсто од територијата на Џакарта е под морското ниво и градот постојано е поплавуван во сезоната на дождови. Состојбата ја прават потешка и надојдените реки и зачепените одводни канали.

Тешките поплави минатиот месец го одзедоа животот на 26 лица и предизвикаа раселување на околу 50.000.

Слично

Поврзани вести