Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕВОЈКА ГО БРАНЕШЕ СВОЈОТ КИБУЦ ОД ХАМАС: Потоа загина во напад во Стариот град во Ерусалим

ДЕВОЈКА ГО БРАНЕШЕ СВОЈОТ КИБУЦ ОД ХАМАС: Потоа загина во напад во Стариот град во Ерусалим

Израелка која храбро го бранеше својот кибуц од палестинската терористичка група Хамас, загина во Стариот град во Ерусалим откако ја избоде 16 годишен тинејџер. 

Роуз Ида Лубин која имаше 20 години загина во близина на Иродовата порта во понеделникот наутро додека патролирала на границата. Тинејџерот ја нападнал Лубин и уште еден граничен полицаец. Полицијата го застрелала напаѓачот и уапсила уште едно лице поради сомнение дека му помогнало кога пристигнале на местото на нападот.

На ранетите полицајци, двајцата на возраст од 20 години, им е укажана помош и се пренесени на лекување во Медицинскиот центар на Универзитетот Хадаса во Ерусалим.

Лубин по нападот била во критична состојба и на крајот починала од повредите, а другиот полицаец бил полесно ранет.

Нападот се случи во Стариот град во Ерусалим, кај главниот влез што го користат Палестинците и една од најстрого обезбедуваните улици во градот поради тензиите меѓу муслиманите и Евреите.

Иродовата порта е една од седумте отворени порти и го поврзува муслиманскиот кварт во стариот град со палестинската населба Баб аз-Захра.

Лубин, која по потекло е од Данвуди, Џорџија, мало предградие на Атланта, го започна своето патување во Израел во 2021 година, храбро приклучувајќи се на ИДФ без нејзиното семејство.

Таа живеела во кибуц Сад, верска заедница во јужниот регион на Израел. Хамас на 7-ми октомври изврши напад на Израел и уби над 1.400 Израелци, најголем дел цивили. Оттогаш, Израел врши напади на Газа, каде загинаа над 10.500 Палестинци.  Израел сака да го уништи Хамас. 

Израелските сили се во срцето на градот Газа каде влегоа по децении. 

Слично

Поврзани вести