Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕВОЈЧЕТО СТРАДАЛО ОД НАПАДИ НА ПАНИКА, БИЛО ОДНЕСЕНО ВО БОЛНИЦА, И НАБРЗО ПОЧИНАЛО - најмалку една жртва од силниот земјотрес во Турција и Грција

ДЕВОЈЧЕТО СТРАДАЛО ОД НАПАДИ НА ПАНИКА, БИЛО ОДНЕСЕНО ВО БОЛНИЦА, И НАБРЗО ПОЧИНАЛО - најмалку една жртва од силниот земјотрес во Турција и Грција

Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот брег на Турција рано утрово, одземајќи најмалку еден живот. 

Според сеизмолозите во ЕМЦС, епицентарот на земјотресот бил во близина на туристичкото место Мармарис, на само неколку километри од грчкиот остров Родос.

Според Турската агенција за цивилна заштита, потресот се случил во 2:17 часот наутро и бил почувствуван и во соседните региони. 

Гувернерот Идриз Акбијик извести дека 14-годишно девојче кое страдало од напади на паника било однесено во болница, каде што починало кратко потоа. 69 луѓе скокнале од прозорците на своите домови за време на земјотресот, при што се здобиле со повреди.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на X објави дека досега нема извештаи за штети на станбени објекти во Мармарис. Градот се наоѓа во турската провинција Мугла во која само во минатата година, според турската агенција Анадолу имало 3,7 милиони странски туристи. 

Според турското министерството за внатрешни работи, епицентарот на земјотресот кој во текот на ноќта го погоди регионот бил на 68 километри длабочина.

Со оглед на тоа што Турција лежи на спојот на големи континентални плочи земјотресите се чести. Во 2023 година, во катастрофален земјотрес со магнитуда од 7,8 степени според Рихтеровата скала загинаа повеќе од 53.000 луѓе. Стотици илјади згради беа уништени или оштетени. Во северните делови на соседна Сирија, земјотресот однесе уште 6.000 животи.

Слично

Поврзани вести