Економија, финансии, бизнис

Контакт

Девојче во еден ден примило две дози од вакцината

Девојче во еден ден примило две дози од вакцината

Девојче во еден ден примило две дози од вакцината против коронавирусот. 

Ова се случило во Австрија. 12-годишно девојче од Виена наводно примило две вакцини против коронавирусот  во ист ден. Според мајката, во понеделникот се случил необичен случај, кога ќерката е однесена да прими вакцина. Мајката вели дека лекарот започнал да дава вакцина „Џонсон и Џонсон“, која е одобрена само за постари од 18 години. 

„Мојот сопруг претходно праша дали мојата ќерка може да прими вакцина Фајзер и одговорот беше да – тврди мајката“, пренесуваат австриските медиуми.

Сепак, сестрата, како што наведе, додаде вакцина Џонсон и Џонсон.

„Тогаш таа одеднаш се извини, рече дека и е многу жал, а потоа лекарот рече дека и онака и дадоа на нашата ќерка само мала доза. Бев во шок“, вели мајката.

Таа додава дека тогаш лекарот ја извадил иглата од рамото на детето, а потоа и ја вбризгале oд вакцината Фајзер во другата рака. Но, организаторите на пунктот за вакцинација велат дека не било сè точно како што тврди мајката. Тие тврдат дека лекарот забележал грешка кога иглата била веќе во раката, но пред да се притисне шприцот. Експертите објаснуваат дека не може да се утврди дали на детето му се инјектирани двете дози или не, но дека во секој случај добро е што девојчето нема никаква реакција. Досега во светот имаше повеќе скандали при што на луѓето наместо вакцина им вбризгувале вода или физиолошки раствор. 

foto freеpik

Слично

Поврзани вести