ДЕВОЈЧЕ СЕДУМ ГОДИНИ БИЛО ЗАТВОРЕНО ДОМА: Има потешкотии да оди и да се качува по скали
Во Германија 8-годишно девојче поминало цели 7 години затворено во куќата, поради што семејството е под истрага. Сега ѝ е тешко нормално да оди и да се качува по скали.
Девојчето е пронајдено во домот на нејзината баба и дедо во Атендорн, во западниот дел на земјата. „Еуроњуз“ објави дека семејството не сакало девојчето да живее како нејзините врсници и не го пуштале да оди во градинка и училиште.
Девојчето привремено e сместено во згрижувачко семејство и е во добра состојба. Лекарите кои ја прегледале не откриле знаци на физичко малтретирање.
Јавното обвинителство во Зиген сега води истрага против мајката, бабата и дедото за изолирање на девојчето. По разводот мајката се обидела да го скрие девојчето од нејзиниот татко. Мајката наводно рекла дека со ќерката се преселила во Италија во 2015 година.
Случај каде мажот не дозволувал сопругата и децата да излегуваат надвор имаше во Албанија. Маж од албанскиот град Тирана цели шест години ги држел сопругата и синовите затворени во куќа без вода и струја.