Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕВОЈЧЕ (12) Е ПРОНАЈДЕНО МРТВО, НАЈВЕРОЈАТНО ГО УБИЛЕ ДВЕ ВРСНИЧКИ: Осомничени се за убиство, германската јавност е згрозена

ДЕВОЈЧЕ (12) Е ПРОНАЈДЕНО МРТВО, НАЈВЕРОЈАТНО ГО УБИЛЕ ДВЕ ВРСНИЧКИ: Осомничени се за убиство, германската јавност е згрозена

Две девојчиња се осомничени за убиството на 12-годишното девојче од Фројденберг, објавија германските медиуми. Девојчето било пронајдено мртво во неделата, а подоцна било потврдено дека е жртва на убиство.

Осомничените за убиство на 12-годишно девојче во Фројденберг во регионот Зигерланд се девојчиња на приближно иста возраст, објавија во вторник германските медиуми.

Девојчето исчезнало во саботата вечерта на пат кон дома од куќата на пријател. Нејзиното тело е пронајдено следниот ден во близина на велосипедска патека на границата на покраината Рајнска област Пфалц и Северна Рајна-Вестфалија. Германските медиуми денеска објавија дека осомничените се две девојчиња, едното на возраст од 12, а другото на 13 години.

Властите за денеска попладне најавија прес-конференција во Кобленц за да откријат повеќе детали за злосторството.

Девојче исчезна од саботата

Детето последен пат било видено при посета на пријател и тргнало накај дома во саботата околу 17.30 часот по локално време, пишуваат локалните медиуми. Најкраткиот пат помеѓу куќата на пријателот и домот на девојката бил низ шумска област.

Откако не успеала да стигне дома, родителите ја алармирале полицијата. Пожарникари, полицајци и кучиња трагачи започнаа голема потрага во областа каде што девојчето - идентификувано од локалните медиуми како Луиз - најверојатно прошетало во саботата навечер.

Тело било откриено во неделата попладне и потрагата била прекината. Знамињата денеска се поставени на половина копје во градот Фројденберг, село на околу 80 километри источно од Келн, како знак на жалост.

„Ние во Фројденберг сме длабоко потресени и нашите мисли се со роднините“, рече градоначалничката Никол Решке, за Deutsche Welle.


Слично

Поврзани вести