Девизни дилери издавале информации за позициите на клиенти
Девизни дилери во Лондон споделувале налози на своите клиенти преку инстантни пораки со дејтрејдери во блиски градови, за да склучуваат незаконски лични трансакции , информира Bloomberg .
Дилерите предавале информации околу добиените наредби на луѓе кои биле ангажирани на терминали за трговија во градовите како Кент и Есекс , кои се наоѓаат на час од Лондон . Дилерите исто така користеле инстанти пораки. Откако ќе проучеле какви позиции заземале клиентите на девизните пазари, дејтрејдерите се обложувале на насоката во која ќе се движат одредени валути и евентуалната добивка ја делеле со дилерите .
Еден од изворите на Bloomberg изјавил дека видел дејтрејдер како пренесува плик со пари на дилер на паркинг пред бар во Есекс . Од Bloomberg, се повикуваат на три независни извори , кои тврдат дека се сведоци на оваа пракса веќе неколку години.
"Тоа покажува колку се подготвени дилерите за да стигнат во заобиколувањето на правилата , кои не им дозволуваат да заработат за сметка на клиентите и како овие прекршувања на девизните пазари излегуваат надвор од финансискиот реон на Лондон и достигнуваат до нерегулирани дејтрејдери во Есекс и Кент ", пишува Bloomberg .
" Скоро невозможно е банките да го престанат тоа , освен ако не се најде начин да ги контролираат сите форми на комуникација ", вели Том Кирхмајер од Лондонската школа за економија и политички науки .
Според Bloomberg регулаторните тела веќе ги истражуваат предметите . Оваа практика потсетува на скандалот пред извесно време , во кој стана јасно дека банкарските службеници ги местеле каматни стапки од светско значење .
Слично
