Економија, финансии, бизнис

Контакт

Девет лица се убиени во престрелка меѓу банди во Тексас

Девет лица се убиени во престрелка меѓу банди во Тексас

Девет лица загинаа во престрелка меѓу две рокерски банди во американската држава Тексас, соопштија светските агенции, повикувајќи се на властите.

Полицијата изјавила дека престрелката екскалирала во ресторан во градот Остров Вејк. Според нивните податоци сите загинати биле рокери. Други 18 членови на вмешаните банди биле однесени во болница по добиените повреди во насилството. Десетици биле приведени.

Според полицијата неколку рокерски банди се собрале во локалот „Твин Пикс“ во локалниот трговски центар, за да разговараат за разликите меѓу себе, и тогаш почнала борбата, кој се претворила во насилство со ножеви, ланци, палки и огнено оружје.

Полицијата, која знаела за рокерската средба имала испратено свои вработени на местото, кои изјавија дека во ресторанот имало стотици рокери и мал број други клиенти. Насилството избило во локалот, а потоа се префрлило на паркингот. Кога рокерите почнале да пукаат, интервенираше полицијата, која исто така отворила оган.

Некои трговски објекти во регионот почнале да затвораат порано, а полицијата ги предупредила луѓето да се држат подалеку од местото. Полицијата изјавила дека добиле информации дека други членови на бандите може да дојдат на самото место.

Слично

Поврзани вести