Deutsche Bank предупреди за нето загуба од 6,2 милијарди евра за третиот квартал
Deutsche Bank, огромната германска банка со сериозно присуство на „Wall Street“, се соочува со строга регулација во САД, денеска таа предупреди дека очекува да пријави тешка загуба за третиот квартал, објави „New York Times“.
Најголемата германска банка предвидува нето загуба од 6,2 милијарди евра. Овие резултати доаѓаат само неколку месеци по почетокот на мандатот на новиот ко-извршен директор на „Deutsche Bank“ Џон Кретн кој се обидува да направи голема реконструкција на институцијата. Заедно со скандалот и пресвртот во „Volkswagen“, проблемите на „Deutsche Bank“ посочуваат некои од слабостите на германската корпоративна култура.
„Веста не е добра и очекувам многу од вас да бидат разочарани“, изјавил Кретн во порака до вработените. „Очекуваме да имаме сериозна загуба за третиот квартал“.
„Deutsche Bank“, изјавиле дека ќе препорачаат намалување или елиминирање на дивидендите за остатокот од 2015 година. Скратување на дивидендата е шокантен потег за секоја банка. Тој често претпоставува дека банката се обидува да го задржи капиталот, финансиската основа на банката, која ја штити од шокови и загуби. Во некои критериуми „Deutsche Bank“ има помалку капитал отколку некои од конкурентите.
Нето загубата е резултат на финансиски погоди за вкупно 8,5 милијарди долари. Често се наметнуваат нови извршни директори да плаќаат финансиски казни, за да ги исчистат проблемите или да завршат со незавршените задачи, оставени од претходните лидери. Но за заглавените претпријатија првиот круг од казните обично не е последен.
И сепак акционерите во „Deutsche Bank“ можат да добијат срцев факт дека загубата за третиот квартал е главно резултат на отпишувањето на т.н. нематеријални средства во вредност од 6,5 милијарди долари. Ова може да се средства кои се рефлектираат од минатите добивки од разликите помеѓу пазарните вредности и нивните оригинални цени, така што намалувањето на нивната вредност не се смета за толку сериозно како редукција на оние финансиски средства како што се обврзници или заеми. И сепак отписи на нематеријални средства изгледа се диктирани од повисоките капитални барања од регулаторите. Бидејќи многу од регулаторните капитални промени се присутни на некое време, не е јасно зошто „Deutsche Bank“ ја предвиде сериозноста дури сега.
Освен тоа „Deutsche Bank“ изјави дека ќе го намали својот удел во кинеската банка „Hua Xia Bank“ со речиси 700 милиони долари. „Ова се одразува на приспособена проценка, предзвикана од промена во намерите кон сопственоста, бидејќи „Deutsche Bank“ веќе не го смета овој удел за стратешки“, се вели во соопштението на банката.
„Deutsche Bank“ изјави дека очекува да издвои 1,3 милијарди долари за идните законски санкции. Во САД владините агенции се обидуваат да утврдат дали „Deutsche Bank“ ги прекршила санкциите за плаќањата кон Иран и дали има манипулирање со девизните курсеви.
Во својата порака Кретн сугерира за потег кој може да го намали делот од гневот на акционерите. Тој вели дека отписи и секое намалување на дивидендата ќе биде забележано кај платите на вработените за 2015 година. Дури и во оваа ситуација сепак слично намалување на платите може да не биде длабоко, имајќи ги предвид коментарите во пораката: „Изјавувам личен ангажман да се обидам да постигнам фер рамнотежа помеѓу интересите на вработените и на акционерите“.
