Економија, финансии, бизнис

Контакт

Децата први на удар од сиромаштијата во EУ, најлошо во Бугарија и Романија

Децата први на удар од сиромаштијата во EУ, најлошо во Бугарија и Романија

Повеќе од четвртина од младите од Европската унија под 18 години се под закана од сиромаштија или социјални проблеми, покажуваат податоците на Евростат. Ризиците се зголемуваат кај децата на родители со ниско ниво на образование, стои во извештајот.

Според Евростат, во 2011 година 27 % од децата под 18 години биле изложени на тие ризик од сиромаштија. Овој процент кај возрасните  од18 до 64 години е 24 % , а на лицата над 65 години 21 %.

За децата на имигранти делот на оние кои се загрозени се зголемува над една третина.

Европската статистика уште покажува и дека најзагрозени се децата во Бугарија (52 отсто од децата под 18 години), Романија (49 отсто), Латвија (44 отсто), Унгарија (40 отсто) и Ирска (38 отсто според податоци за 2011 година).

Слично

Поврзани вести