Економија, финансии, бизнис

Контакт

Деца ќе одат во затвор, оти скинале постер од претседателот ?

Деца ќе одат во затвор, оти скинале постер од претседателот ?

 Кривични пријави заработија двајца малолетници во Турција, бидејќи скинале постед од претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Турското обвинителство бара строга казна за 12 и 13 годишните деца за навреда на шефот на државата.

Државниот обвинител за момчињата побара затворски казни меѓу 14 месеци и четири години и осум месеци.

Ова не е првиот пат некој во Турција да е уапсен и да биде изнесен пред суд за слични обвиненија.

Во декември минатата година 17-годишно момче беше уапсено во училница со обвинение дека го навредило шефот на државата и неколку дена беше држено во притвор, а потоа доби условна казна од 11 месеци, што предизвика силна осуда од јавноста.

Слично

Поврзани вести