Економија, финансии, бизнис

Контакт

Деца- џихадисти уапсени во Турција

Деца- џихадисти уапсени во Турција

Турската полиција денеска приведе 72 лица кои се сомничат дека се припадници на Исламската држава.

Осомничените се приведени во рација во Истанбул и други градови.

Полицијата спроведе истрага во повеќе куќи во Истанбул каде приведе 21 лице, меѓу кои и седум деца, известуваат од турската агенција Доган.

Во градот Конја приведени се 30 луѓе, а во Коња источно од Истанбул се приведени уште 20 лица.

Турската полиција ги фатила осомничените, како се обидуваат илегално да одат во Сирија.

Независно од таа акција турската армија приведе на турско-сириската граница 17 луѓе осомничени дека се припадници на ИД.

Рациите беа покренати по операција на турската полиција во Дијарбакир каде во судир со џихадисти загинаа двајца полицајци и седум припадници на ИД додека 12 екстремисти беа заробени.

Слично

Поврзани вести