Економија, финансии, бизнис

Контакт

Деца бегалци шиjат униформи за „Исламската држава” во Турција

Деца бегалци шиjат униформи за „Исламската држава” во Турција

Деца на возраст од 9 години работат во турска работилница за облека, која шие униформи за „Исламската држава" и други терористички групи во Сирија, пишува „Дејли мејл".

Малите деца, меѓу кои има и девојки добиваат меѓу 40 турски лири (14 долари) и 70 турски лири (24 долари) на ден, за да работат најмалку 12 часа дневно.

Според податоците на УНИЦЕФ, речиси 80% од сириските деца кои живеат во Турција, не посетуваат училишта.

„Има луѓе кои преферираат нивните деца да работат за 100 турски лири (35 долари) на недела и за нив тоа е добро, бидејќи немаат никакви пари"- вели сопственикот на работилницата, Сириецот Абу Закур.

Тој за себе вели дека не е ниту револуционерно настроен, ниту пак е приврзаник на „Исламска држава". Живеел во сирискиот град Рака, која сега е престолнина на џихадисти пред да ја напушти својата татковина.

„Единствената причина овие деца да работат со мене е заради парите. Ако немаше војна во Сирија, овие деца ќе беа во училиште - и училиштето ќе беше многу подобра опција за нив "- продолжува Закур.

Тој  вели дека во Рака за него исто работеле деца. „Исламска држава" сакала децата да одат во религиозно училиште, но нивните семејства не ги пуштале, бидејќи имало бомбардирања.

Слично

Поврзани вести