Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕТЕТО КОЕ ПРЕЖИВЕА ПРИ ПАД НА ЖИЧНИЦАТА ВО ИТАЛИЈА Е ВО ИЗРАЕЛ: Роднините тврдат дека е киднапирано

ДЕТЕТО КОЕ ПРЕЖИВЕА ПРИ ПАД НА ЖИЧНИЦАТА ВО ИТАЛИЈА Е ВО ИЗРАЕЛ: Роднините тврдат дека е киднапирано

Момчето кое преживеа пад од жичницата во Италија е киднапирано, а италијанските власти истражуваат како 6-годишникот заврши во Израел. 

Родителите на момчето, неговиот помлад брат и неговите баба и дедо беа меѓу 14 -те лица загинати во несреќата. Детето по излегувањето од болница, било кај роднините на неговиот татко. Неговите роднини од Израел побарале старателство. Семејството на момчето живеело во Италија неколку години пред несреќата, а роднините добиле старателство во јуни.

Во саботата, момчето е однесено во Израел. Го однел неговиот дедо, таткото на неговата мајка, кој се преселил во Италија по несреќата. На приватен лет, тој го извадил детето од земјата користејќи израелски детски пасош што го поседувало шестгодишното момче. Израелските дипломати потврдија дека момчето е во земјата. Роднините на мајката тврдат дека момчето е држено како да е заложник.

Несреќата се случила откако главниот кабел се расипал и кабината паднала од голема височина.

Слично

Поврзани вести