Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕТЕТО КОЕ ПАДНА ВО БУНАРОТ НЕ ИЗДРЖА, ПОЧИНА КОГА СПАСУВАЧИТЕ СТИГНАЛЕ ДО НЕГО: Со денови копаа земја со раце за да го извлечат

ДЕТЕТО КОЕ ПАДНА ВО БУНАРОТ НЕ ИЗДРЖА, ПОЧИНА КОГА СПАСУВАЧИТЕ СТИГНАЛЕ ДО НЕГО: Со денови копаа земја со раце за да го извлечат

Спасувачите три дена се обидувале да го извлечат деветгодишното момче Хајдар, кое паднало во бунар длабок 25 метри, во селото Шокак, во Авганистан, но за жал денеска соопштија дека момчето починало.

Момчето се заглавило на длабочина од 10 метри, а итната помош дење и ноќе била на терен со опрема неопходна за негово спасување, јавува CBS News, а локалното население денеска за Би-Би-Си изјавило дека момчето повеќе не покажувало знаци на животот.

Стигна и потврда од талибанските власти дека момчето починало.

„Со голема тага објавуваме дека малиот Хајдар не напушти засекогаш“, напиша Анас Хакани, советник во Министерството за внатрешни работи.

Веста за авганистанското момче ги потсети сите на трагедијата во Мароко. Цел свет го следеше спасувањето на петгодишниот Рајан  кое четири дена се бореше за живот во Мароко во бунар длабок 32 метри во кој падна. Спасувачките екипи му доставиле кислород и храна, а со раце го ископале делот од земјата што ги одвоил од момчето за да не дојде до свлечиште што ќе го затрупа.

Но сасмо кратко по спасувањето малиот Рајан не преживеал и покрај сите напори на лекарите.

ФОТО: Твитер

Слично

Поврзани вести