Економија, финансии, бизнис

Контакт

Детенце случајно пронајде фосил стар 1 милион години

Детенце случајно пронајде фосил стар 1 милион години

Џуд Спарк играјќи си на пикник со своето семејство во Ново Мексико, САД случајно нашол фосил од праисториско животно стар над 1 милион години. Најпрво детенцето и неговите родители мислеле дека станува збор за череп од крава, но подоцна истражувачите од Универзитетот во Ново Мексико утврдиле дека е фосил од мастодон или праисториски мамут. 

Професорот Хоуд кој бил повикан од семејството Спарк им се заблагодари за нивната совесност бидејќи веднаш го пријавиле „пронајдокот“ наместо да го оштетат со дополнително ископување.

Според првичните истражување дојдено е до заклучок дека во близина на пронајдениот фосил можеби има повеќе остатоци од праисториски животни, па со дозвола на сопственикот на имото подетални ископување ќе се извршат во мај следната година.


Слично

Поврзани вести