Детенце ја убило сестричката поради видео игра
Во моменти кога во САД се заострува дебатата против насилството во видео игрите се случи голема трагедија во која деветгодишно детенце со пиштол ја убило својата 13 годишна сестричка поради играње на видео игри.
Според информациите, момчето зело пиштол и пукало од зад грб, откако неговата сестра одбила да му го даде управувачот за играта.
Локалниот шериф објави дека девојчето од претрепните повреди во мозокот, починало во болница во Мемфис. Останува нејасно, од каде му било оружјето на детенцето, ниту со какви последици ќе се соочи со оглед дека има само 9 години.
Додека се случувал овој ужасен инцидент, мајката на децата, како што пренесе полицијата, била во другата соба и ги хранела другите деца.
Полицијата ги истражува околностите за пукањето, вклучително и како оружјето – пиштол калибар 25, се нашол во рацете на толку мало дете.
