Економија, финансии, бизнис

Контакт

Детектиран сигналот на црната кутија на „Ер Азија“

Детектиран сигналот на црната кутија на „Ер Азија“
Индонезиските спасувачи успеале да го детектираат сигналот на црната кутија од авионот на компанијата „Ер Азија“, кој се урна во море, соопштува штабот на спасувачката операција. Се верува дека црната кутија, уред кој снима звуци во кабината и податоци за летот, се наоѓа на длабочина од 37 метри. Анализите на црната кутија би можеле да бидат клучни за утврдување на причините за падот на леталото, кој се сруши на 28 декември и во кој загинаа 162 патници и членови на екипажот. Шефот на тимот на спасувачите, Мухамед Ага Алдила, рекол дека е пронајден уште еден дел од авионот со тела од двајца патници кои биле врзани со сигурносните појаси за седиштата. „Голем број мали ајкули кружат околу овој дел од леталото“, рекол Алдила. Тој додал дека овој дел од авионот се наоѓа на длабочина од 34 метри и е оддалечен 1,5 километри од местото каде што претходно беше пронајдена опашката од авионот. Авионот А320 – 200 исчезна од радарите на 28 декември по само 40 минути од полетувањето во Индонезија во правец кон Сингапур, а се сруши во областа на островот Борнео. До сега вкупно се пронајдени 44 тела.
Слично

Поврзани вести