Економија, финансии, бизнис

Контакт

Детектиран е нов сој на коронавирусот во Франција

Детектиран е нов сој на коронавирусот во Франција

Во Бретања во Франција e откриен нов сој на коронавирусот. 

Информацијата ја потврдија од Министерството за здравство.  Во соопштението стои дека првичните анализи не покажале дека новиот сој е посериозен и попренослив од другите соеви, пренесува Ројтерс. Министерството соопшти дека новиот сој е најден кај група случаи во болнички центар во градот Лањон. Во Франција досега од коронавирусот починаа повеќе од 90.000 луѓе. 

Претходно, нова мутација на вирусот е детектирана и во Јапонија.  Маж кој пристигнал во Јапонија од Филипините во февруари бил заразен со нов вид на коронавирус. 

Досега непознатиот вид на коронавирус се разликува од сојот пронајден во Велика Британија, Јужна Африка и Бразил, но се верува дека ја претставува истата закана како онаа на досегашните три многу заразни видови на Ковид-19.

foto Wikipedia

Слично

Поврзани вести