Дете се спаси од Талибанците, но почина во Полска
Дете кое имало пет години се спасило од Tалибанците, но починало од отровни печурки во Полска.
Тоа неодамна е евакуирано од аеродромот во Кабул, а почина во Полска. Неговиот шестгодишен брат, кому му е извршена успешна трансплантација на црниот дроб, ги изел истите печурки и сега се бори за живот во детската болница. Постариот брат имал успешна трансплантација на црниот дроб, но има оштетување на мозокот и неговиот живот е загрозен. Момчињата се примени во болница минатата недела со нивната 17-годишна сестра, која сега е пуштена од болница и е добро. Семејството берело печурки во шума кај бегалскиот центар „Подкова Лесна“, во близина на Варшава. Таткото работел за Британија, а Лондон побарал од Полска да ги евакуира од Авганистан.
