Детали за страшната несреќа кај Будимпешта: Повредени 36 лица, дали за се е виновна бурата со прашина? (Видео)
Можна причина за верижниот судир на унгарскиот автопат во кој учествуваа 42 возила, е бура од прашина која најверојатно нагло ја намалила видливоста, напиша на Фејсбук операторот на унгарските автопати.
Портпаролот на националната служба за итни случаи, Пал Ѓорфи, одбил да ја открие можната причина за несреќата, јавува унгарската телевизија М1.
Полицијата соопшти дека судирот, во кој учествувале пет тракторски приколки и 37 други возила, се случил на автопатот М1 на околу 24 километри западно од главниот град Будимпешта.
Се запалиле 19 возила, а повредени се 36 лица, од кои едно е опасно по живот, а 13 со тешки телесни повреди.
Унгарската национална управа за управување со катастрофи соопшти дека пожарите на возилата се изгаснати и дека четири спасувачки хеликоптери, како и противпожарни и спасувачки екипи од голем број околни градови, пристигнале на местото на настанот за да ги санираат повредените.
Властите го блокираа сообраќајот во двата правци на М1, а операциите за спасување и расчистување продолжија до вечерта.
