Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

Во главниот град на Литванија, Вилнус, товарен авион синоќа околу 10:30 часот удрил во станбена зграда. При падот на авионот, загина лице загина, а четири лица се повредени. Дополнитлено 12 лица се евакуирани од станбената зграда.

Еден пилот бил пренесен во болница по падот на авионот, додека другиот починал на лице место.

Според официјални лица, во моментов се трага по едно лице.


„Гори двокатна станбена зграда“, изјавија официјални извори за ЛРТ.

Според првичните информации три лица беа повредени, но потоа тамошни медиуми објавија дека четири лица се повредени, а еден од пилотите на авионот загинал.


Хеликоптер кружи на местото на настанот, а делови од авионот се расфрлани низ теренот. Видливи се само делови од зградата.


Фото: Принтскрин/Х

Слично

Поврзани вести