ДЕТАЛИ ЗА НАПАДОТ ВО ПАРИЗ: Полицијата се сретнала со главниот џихадист и го оставила да замине
Терористичкиот напад во Париз на 13 ноември, каде загинаа 130 лица, а над 300 беа ранети, бил организиран преку телефон.
Дневниот весник „Ле Паризиен“ открива дека организаторот на терористичките напади во Париз, Абделхамид Абауд де криел четири дена во грмушки во непосредна близина на автопатот А86 во Обервилие.
Француските тајни служби веднаш се стационирале во близина, поставиле камера и почнале да го следат.
Другиот ден, крај грмушките се приближила и жена со телефон, за која подоцна ќе се открие дека е братучетка на Абауд.
Потребни се три минути, за да организаторот на атентатите излезе од грмушките. И покрај капата, полицајците се сигурни дека станува збор за него. Наместо да го уапсат, тие го оставаат да замине.
Потоа главниот џихадист Абауд заедно со братучетка си Хасна Аит Буланшен и уште едно лице со такси стигнале до некоја стара зграда во Париз.
Неколку часа подоцна, припадниците на француските специјални сили за интервенции ја започнуваат акцијата, во која ќе бидат убиени сите тројца терористи.
