Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕТАЛИ ЗА МАСАКРОТ ВО ГРАДИНКА ВО ТАЈЛАНД! Крвави тела биле расфрлани на подот, насилникот ги убил и жената и детето, па сам си пресудил

ДЕТАЛИ ЗА МАСАКРОТ ВО ГРАДИНКА ВО ТАЈЛАНД! Крвави тела биле расфрлани на подот, насилникот ги убил и жената и детето, па сам си пресудил

Најмалку 35 лица се убиени во масовно пукање во градинка во Тајланд, соопшти полицијата. Меѓу загинатите има деца и возрасни, а како што пишува Ројтерс, напаѓачот се самоубил. Десетици крвави тела биле расфрлани на подот пред училницата во која биле децата, пишува Дејли Мејл.

Полицијата го именуваше осомничениот како Панџу Камрап, кој наводно бил отпуштен од полиција минатата година откако паднал на тестот за дрога. По масакрот побегнал со бел пик-ап Виго со четири врати, а браникот му паднал додека бегал. Масакрот се случи во Нонг Буа Ламфу, на североистокот на оваа југоисточна азиска земја. Како што подоцна се дознало, напаѓачот освен децата и возрасните во градинката ги убил и сопругата и детето, а потоа се самоубил, јавува „Мондо“.


Да потсетиме, пред напаѓачот да се самоубие, премиерот ги предупреди сите агенции да преземат мерки и да го уапсат сторителот, изјави владиниот портпарол. Стапката на поседување оружје во Тајланд е висока во споредба со некои други земји во регионот, но официјалните бројки не го вклучуваат огромниот број на нелегално оружје, од кои многу беа донесени преку порозни граници во текот на годините од соседите разрушени од конфликти.

Видеото во продолжени дава неколку мигови од обидите за апсење на напаѓачот:


Фото: Принскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести