ДЕТАЛИ ОД СТРАШНАТА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ИСТАНБУЛ: Наредена итна евакуација на жителите
Најмалку три згради се евакуирани по експлозија што утрово околу 8.30 часот по локално време го потресе квартот Бејоглу во Истанбул.
Утврдено е дека дошло до експлозија под земја, поради што одлетал капакот на едната шахта. Наводно имало спој на каблите. Веднаш по експлозијата на улицата почнал да се шири густ чад, поради што противпожарната единица веднаш ги евакуирала жителите.
Превентивно во целата населба е исклучена струјата.
- Синоќа видовме нешто како дими, а потоа утрово одекна експлозија. Тогаш чадот почна да се шири по становите. Во нашата бања и кујна - изјави Мустафа Ајас, еден од станарите кој беше евакуиран.
Фират Озбај, кој побегнал од станот со своите миленици, рекол дека капакот на шахтата излетал во воздух.
- Сега ги евакуираат сите. Ги собравме најосновните и миленичињата и ги напуштивме домовите - изјави Озбај за турските медиуми.
