Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕСНИЦАТА ВОДИ НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ВО ШВЕДСКА: Објавени прелиминарните резултати-конечните в среда!

ДЕСНИЦАТА ВОДИ НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ВО ШВЕДСКА: Објавени прелиминарните резултати-конечните в среда!

По пребројани 94 проценти од гласовите, се очекува дека десничарскиот блок ќе победи на шведските парламентарни избори. Од поединечните партии најголема поддршка добија владејачките социјалдемократи, додека втора по големина партија ќе бидат крајнодесничарските Шведски демократи.

Лидерот на шведските демократи, Џими Акесон, за време на говорот што го одржа на денот на изборите во седиштето на партијата, каде што ги чекаа изборните резултати. Партијата го доживеа својот најдобар изборен резултат досега.

И покрај најавите дека левиот блок треба да победи на парламентарните избори во недела, по пребројани 94 отсто од гласовите еден ден подоцна, се чини дека ќе победи десниот блок. Со тоа тој би освоил 176 од 359 пратенички мандати, а левиот блок 173.

Сепак, конечните резултати од изборите ќе бидат познати во среда, а одлучувачки глас ќе бидат странските гласови и предвремените гласови.

Се очекува левиот табор, кој покрај социјалдемократите го сочинуваат Зелените, Левицата и Партијата на Центар, да добие 48,8 отсто од гласовите. Десното крило кое го сочинуваат шведските демократи, конзервативната Умерена партија, демохристијаните и либералите има 49,7 отсто.

Во Шведска, тоа укажува на тесна победа на левиот блок на премиерот Андерсон, како партија со најдобар резултат, социјалдемократите.

Социјалдемократите, кои одиграа голема улога во шведската политика во минатиот век, освоија најмногу гласови од која било партија - со 30,5 отсто од гласачите, или речиси два процентни поени повеќе од 2018 година.

„Изгледа дека е на пат промена на власта“, изјави во неделата лидерот на шведските демократи Џими Акесон. Имено, партијата го освои својот најдобар резултат досега - 20,7 отсто од гласовите, со што нејзиниот последен изборен резултат го подобри за три процентни поени.

На трето место е централно-десничарската Умерена партија на актуелниот опозициски лидер Улф Кристерсон, кој го предводи десничарскиот блок, со 19 отсто.

Премиерот повикува на трпение додека се чекаат резултатите

Актуелната шведска премиерка Магдалена Андерсон ги повика гласачите да бидат трпеливи додека ги чекаат изборните резултати, „нека демократијата го следи својот тек“. Нејзиниот предизвикувач Кристерсон во својата прва реакција призна дека резултатите сепак може да се променат, но увери дека е „подготвен да формира нова и силна влада“. Неговата умерена партија и двете помали десничарски партии, Демохристијаните и Либералите, за прв пат ги здружија силите со екстремно десничарските Шведски демократи.

Тие за првпат влегоа во парламентот со 5,7 отсто од гласовите во 2010 година, а овојпат го имаат најдобриот резултат досега, бидејќи ја престигнаа Умерената партија, водечката партија од десницата.

Планираните даночни и социјални реформи се покажаа како контроверзна тема во оваа изборна кампања. Во пресрет на изборите конзервативците и шведските демократи ги истакнаа темите за имиграција и интеграција на имигрантите, а многу се зборуваше и за високите цени на енергенсите.


Слично

Поврзани вести