ДЕСЕТТИНА ПОЛИЦАЈЦИ СЕ ПОВРЕДЕНИ СРЕДЕ БЕРЛИН: Пропалестински демонстранти фрлале камење и шишиња по нив
Најмалку десет
полицајци се повредени на пропалестински протест во Берлин, соопштија властите.
Демонстрантите фрлаа камења, јајца и пластични шишиња врз полицијата во областа
Кројцберг во центарот на Берлин.
Еден полицаец е повреден откако бил погоден од камен во вратот, а друг во главата. Полицијата соопшти дека синоќа на Морицплац се собрале 250 луѓе пред да почнат да маршираат, а протестот пораснал на 1.000 учесници.
Поведена е 31 кривична истрага
Демонстрантите беа однапред предупредени дека сите скандирања кои пропагираат „уништување на Израел или неговите жители“ или промовираат „разни забранети организации“, вклучително и палестински милитантни групи, ќе бидат забранети.
Околу 400 полицајци беа на терен и интервенираа во неколку наврати. Поведена е 31 кривична истрага за опасни телесни повреди, напад врз полиција, тешко нарушување на мирот и поттикнување омраза.
Полициските службеници рекоа и дека новинарската екипа била предмет на малтретирање.
