Десетте држави со најголеми резерви имаат близу 24 илјади тони злато
Десетте земји со најголеми златни резерви во светот имаат заеднички над 23 700 тони злато , покажуваат последните податоци на Светскиот совет за златото објавен во декември 2013 година. Во светот има 31 913 тони златни резерви , што е за речиси 7 тони повеќе во споредба со октомври 2013 година , покажува истиот извештај , со учество на еврозоната ( заедно со ЕЦБ) изнесува 10 779 тони.
САД останува лидер во златни резерви со 8 133.5 тони злато кон овој месец , кои сочинуваат 71.7 % од резервите на земјата. Втората позиција е за Германија со 3 387.1 тони злато или 68.7 % од резервите на земјата , додека првата тројка е оформена од Меѓународниот монетарен фонд ( ММФ) , кој овој месец има 2 814 тони злато.
Со над 2 000 тони златни резерви можат да се пофалат уште Италија ( 2 451.8 тони) и Франција ( 2 435.4 тони) , кои го зафаќаат четвртото и петтото место во рангирањето по златни резерви. Шестото место е за Кина со злато во износ од 1.054.1 тони. Земјата продолжува да има најмал удел во резервите (1.2 % ) како процент од вкупните резерви меѓу лидерите во рангирањето .
Швајцарија е на седмото место со најголеми златни резерви во светот - 1 040.1 тони. Веднаш по неа е рангирана Русија , чии златни резерви изнесуваат 1 015.1 тони , и како и Швајцарија , сочинуваат 8.3 % од вкупните резерви на земјата. Русија е последната земја во рангирањето со златни резерви во износ од над 1 000 тони .
Слично
