Економија, финансии, бизнис

Контакт

Десетици уапсени за создавање на веб-сајтови со поддршка на „Исламска држава“

Десетици уапсени за создавање на веб-сајтови со поддршка на „Исламска држава“

Иранската полиција соопшти дека уапсила 53 лица за креирање и одржување на веб-сајтови кои ја поддржуваат групата „Исламска држава“, соопштија агенциите, повикувајќи се на агенција „Тасним“.

Во последните 8 месеци киберполицијата на Иран затворила 132 сајтови дефинирани дека се поврзани со „Исламска држава“.

Повеќето од сајтовите биле базирани во провинциите во близина на границите.

Полицијата исто така изјавила дека во изминатите 20 месеци биле затворени 285 сајтови кои работеле со наклонетост кон „Исламска држава“.

Слично

Поврзани вести