ДЕСЕТИЦИ МРТВИ, СТОТИЦИ ПОВРЕДЕНИ: Силен земјотрес го погоди Пакистан
Силен земјотрес утринава го погодил Пакистан.
Епилогот е десетици мртви, а неофицијално најмалку 20 лица загинале.
Јачината на потресот била од 5,7 степени во јужен Пакистан, соопштија локалните власти.
Меѓу жртвите има најмалку шест деца, а властите стравуваат дека бројот на жртвите може да биде поголем.
Најмалку 100 куќи се урнаа, а рудник за јаглен беше погоден, каде што беа затрупани најмалку четворица работници.
Епицентарот на земјотресот, на длабочина од 20 километри, бил североисточно од Харнај, во областа Балучистан, според американскиот геолошки институт.
Земјотресот се почувствувал и во главниот град на провинцијата, Кети.
фото: AP Photo / AP Photo
Слично
