Десетици крокодили избегаа од фарма во Кина по поплавите
Крокодили избегаа од фарма во Кина поради поплавите.
Десетици крокодили избегаа од фармата за размножување во јужна Кина по поплавите предизвикани од тајфунот Хаикуи. Околу 75 крокодили избегале кога се излеало езеро во Маоминг, провинцијата Гуангдонг. Локалните власти успеаја дел од нив да вратат, а дел ги застрелаа. Кинеските државни медиуми јавуваат дека досега се фатени осум влекачи, а десетици се на слобода. На жителите во близина им e кажано да останат дома, јавува Би-Би-Си. Тајфунот Хаикуи прави пустош низ Јужна Азија повеќе од една седмица и ги погоди Кина, Хонг Конг, Тајван и Јапонија. Седум лица загинаа, а три се водат за исчезнати во јужна Кина откако тајфунот – сега намален на тропска бура – предизвика лизгање на земјиштето и поплави.
