Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕСЕТИЦИ ИСЧЕЗНАТИ УШТЕ ГИ НЕМА: Спасувачи и денес трагаат по свлечиштето во Јапонија

ДЕСЕТИЦИ ИСЧЕЗНАТИ УШТЕ ГИ НЕМА: Спасувачи и денес трагаат по свлечиштето во Јапонија

На почеток не се знаеше што се случило со 147 лица, но подоцна тој број беше намален бидејќи некои беа пронајдени

Спасувачките екипи трагаат по десетици луѓе кои се водат како исчезнати во калта и остатоците нанесени по падот на огромното свлечиште што го уништи јапонскиот туристички град Атами и однесе најмалку три животи.

Новинарите од НХК, нац

ДЕионалниот медиумски сервис на Јапонија, известуваат дека најпрво не било познато што се случило со 147 лица, но дека подоцна тој број бил намален затоа што некои биле пронајдени, пренесува Ројтерс.

Многу објекти во Атами се викендички, па властите се надеваат дека нивните сопственици не биле ниту во градот кога се појавил одронот.

Три бродови на крајбрежната стража и шест воени беспилотни летала учествуваат во акцијата за спасување, а пожарникарите и спасувачите трагаат по преживеани во дождот и маглата.

„Се јавија многу луѓе, но за 24 лица сè уште не се знае ништо“, рече Саито, градоначалникот на тој град.

Во свлечиштето загинале четири лица, а 1.100 членови на спасувачките екипи и денеска продолжија со потрагата по исчезнатите, додека проценките се дека се оштетени околу 130 куќи и згради.


Foto: Tanjug/AP

Слично

Поврзани вести