Економија, финансии, бизнис

Контакт

Десетици девојчиња во Франција се вратени назад откако на училиште дошле со абаја

Десетици девојчиња во Франција се вратени назад откако на училиште дошле со абаја

Францускиот министер за образование Габриел Атал денеска кажа дека десетици девојчиња во муслиманска облека се вратени дома и не им е дозволено да одат на настава. 

Министерот за образование Атал рече дека девојчињата кои биле вратени дома добиле писма за нивните родители во кои се наведува дека „секуларизмот не е присила, туку слобода“.. Доколку на училиште повторно дојдат во абаја, ќе се води „нов дијалог“.

„Пркосејќи ѝ на забраната за носење муслиманска облека, речиси 300 девојчиња се појавиле во понеделникот во француските училишта во абаја. Повеќето се согласиле да се преслечат, но 67 одбиле и вратени се дома“, рече Атал за телевизискиот канал BFMTV.

Последната одлука, наиде на поздрав од политичката десница.

Со законот од март 2004 година забрането е „носење облека со којашто учениците ја покажуваат религиската припадност“ во училиштата, вклучително и христијанските крстови, еврејските капички и исламските шамии. Абајата тогаш остана „сива зона“ и досега не беше забранета.

Француската влада кон крајот на август го забрани во училиштата носењето на абаја, широка долга наметка којашто ја носат некои од муслиманските жени, објаснувајќи дека таквата облека ги крши правилата за секуларност во образовниот систем, кои исто така забрануваат и истакнување и на христијански и еврејски верски симболи. Франција од истите причини пред повеќе години веќе ги забрани и муслиманските шамии.

Претседателот Емануел Макрон рече во понеделникот во врска со тоа дека „малцинството“ во Франција „ја грабнува религијата и ги предизвикува Републиката и секуларизмот“, што според него доведува до „најстрашните последици“ како што беше убиството пред три години на наставникот Самуел Пати кој на часови во дискусија за религиските слободи покажал карикатура на пророкот Мухамед. Неколку дена потоа негов ученик го обезглави пред средното училиште во предградието на Париз.

„Не можеме да се однесуваат дека терористичкиот напад, убиството на Самуел Пати, не се случи“, рече Макрон во интервјуто за HugoDecrypte каналот на YouTube.

Мислиманските здруженија покренаа тужба пред Државниот совет, највисокиот суд во земјата за поплаки против одлуките на државните власти, барајќи да се укине забраната.

Слично

Поврзани вести