Економија, финансии, бизнис

Контакт

Десетици авганистански жени излегоа на протести за да бараат права

Десетици авганистански жени излегоа на протести за да бараат права

Жени протестираа во Авганистан. 

Десетици авганистански жени и девојки протестираа во западниот град Херат. Tие бараат застапеност на жените во идната влада. Се залагаа за правото на жените да работат и да добијат образование. Жените и девојките на демонстрациите ја повикаа меѓународната заедница да не ги заборави Авганистанките. Протестите доаѓаат во услови на вознемиреност во јавноста околу вакуумот на моќта во Кабул. Талибанците објавија дека мажите и момчињата од сега ќе учат во поделени класови. Неодамна, Талибанците исфрлија неколку водителки кои работеа во РТА и не им дозволија да продолжат да работат во станицата. Од 15 август, и градот Кабул е под контрола на Талибанците. 

Слично

Поврзани вести