Економија, финансии, бизнис

Контакт

Десетгодишно девојче разнесено со бомба на пазар – дваесет мртви

Десетгодишно девојче разнесено со бомба на пазар – дваесет мртви
Најмалку 20 лица се убиени, а 18 повредени откако десетгодишно девојченце успеало да ја помине контролата и да влезе во преполн пазар, по што со далечински управувач било дигнато во воздух во Маидугури, локална престолнина во нигериската држава Борно, соопштија Црвениот крст и припадниците на исламската бунтовничка група. Припадник на самоорганизираната исламска бунтовничка група, Ашир Мустафа, потврдил дека силната експлозија го потресла локалниот пазар околу 12 часот и 40 минути, додека пазарот бил преполн со луѓе. Според неговите зборови, бомбата била активирана кога девојчето успеало да ја помине контролата и да влезе во пазарот. „Девојчето имаше околу 10 години и се сомневам дека воопшто знаеше што има ставено на своето тело. Всушност, таа беше претресена на влезот во пазарот и детекторот за метал покажа дека има нешто на незе. Но за жал, експлозијата одекна пред да биде неутрализирана“, рекол Ашир за агенцијата „АФП“. Претставниците од Црвениот крст соопштиле дека пазарот во моментов е затворен бидејќи ги собираат остатоците од човекови тела. За сега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но екстремистите од Боко Харам се почесто користат жени и девојки како човечки штит во нивните шестгодишни обиди за создавање исламска држава во Нигерија.
Слично

Поврзани вести