Економија, финансии, бизнис

Контакт

Десет жртви од поплави во Јапонија

Десет жртви од поплави во Јапонија

Источниот дел на Јапонија погоден од силно невреме. Загинати се најмалку 10 лица, а четворица се исчезнати, поради поплавите и свлечиштата кои настанаа по поројните дождови.

Како што јавуваат британските медиуми, невремето се поместува од Јапонија, но и покрај тоа стотици жители на тој дел од земјата и натаму се наоѓаат во евакуациските центри, а одделни железнички и автобуски линии и натаму се откажани. Поради излевање на реките од коритата затворени се оделни патишта, а во округот Чиба околу 4.700 домови останаа без вода.

Официјални претставници навестуваат и можност за појава на нови свлечишта и поплави, особено во областите каде има попуштени насипи по силниот тајфун Хагибис.


Слично

Поврзани вести