ДЕСЕТ НАЈДОБРИ ЗЕМЈИ ЗА ПРЕСЕЛБА: Исланд е на врвот - кои се другите дестинации?
Најдобрата земја за преселба e Исланд според имиграцискиот индекс Ремитли.
Оценувани се 82 различни земји, а за 2025 година, Исланд беше прогласен за најдобра земја за имиграција врз основа на 24 фактори. Исланд е прогласен за најбезбедна земја во светот, како и трета најсреќна и трета најопуштена земја, а истовремено е и една од најдобрите дестинации за женските соло патници.
Листата на топ 10 најдобри земји за преселба во 2025 година се состои од: 1. Исланд 2. Швајцарија 3. Луксембург 4. Норвешка 5. Обединетите Арапски Емирати 6. Ирска 7. САД 8. Данска 9. Холандија 10. Австралија foto Wikipedia/ Diego Delso
Слично
