ДЕСЕТ НАЈЧИСТИ ДРЖАВИ ВО СВЕТОT: Балтичка земја е на врвот
Балтичка држава е најчиста на светот. Естонија е прогласена за најчистата земја во светот, благодарение на квалитетот на воздухот, одличното управување со отпадот и зелените еколошки политики. Според извештајот „Воздухот што го дишеме“ на World Population Review, Естонија се наоѓа на врвот на глобалната листа со најчист воздух и најуредени урбани средини.
Со ЕПИ-оценка од 75,3, Естонија се позиционира како лидер во одржливоста, надминувајќи ги другите европски земји кои традиционално предничат во оваа област. Индексот за еколошко уредување (EPI) ги зема предвид факторите како што се испуштање стакленички гасови, политики за заштита на животната средина, проширување на шумите и користење на обновливи извори на енергија.
Другите европски држави на оваа листа се:
– Луксембург (ЕПИ 75)
– Германија (74,6)
-Финска (73,7)
– Обединетото Кралство (72,7)
– Шведска (70,5)
– Норвешка (70)
– Австрија (69)
-Швајцарија (68)
– Данска (67,9)
Тие се постојано на врвот на рангирањата за чиста околина од 2020 година наваму.
foto freepik.com
Слично
