Економија, финансии, бизнис

Контакт

Десет милиони деца во светот можеби нема да се вратат во училиште

Десет милиони деца во светот можеби нема да се вратат во училиште

Пандемијата на коронавирус предизвика глобална „криза во образованието без преседан“, со скоро 10 милиони деца кои се погодени со затворањето на училиштата и кои можеби никогаш повеќе нема да се вратат во своите одделенија, објави во организацијата Save the Children.

Повикувајќи се на податоците на УНЕСКО, британската хуманитарна организација соопшти дека во април, откако биле воведени мерки низ целиот свет за да спречи ширењето на вирусот, 1,6 милијарда млади луѓе - скоро 90% се ученици и студенти - престанеле да одат на училиште или на факултет.

„По првпат во историјата на човешството, образованието е прекинато во целиот свет за цела генерација на деца“ - наведува организацијата во својот извештај.

Читајте повеќе на Хаштаг


Слично

Поврзани вести