Десет луѓе загинаа откако потона туристички брод во Јапонијa
Потона туристички брод во Јапонијa, при што загинаа 10 луѓе, а 16 се исчезнати.
Во соопштението, крајбрежната стража додава дека досега пронајдените се идентификувани како седум мажи и три жени, пренесе АФП.
Бродот за разгледување на знаменитостите „Казу 1“ испратил сигнал за помош во саботата попладне, во оддалечениот североисточен дел на јапонскиот регион Хокаидо.
Бродот тргнал во саботата наутро на крстарење на полуостровот Ширетоко, кој е дел од светското наследство на УНЕСКО поради неговата недопрена природа и разновидниот див свет. Крстарењето продолжило и покрај силните ветрови.Јапонските граници се затворени за туристи поради ковид мерките, така што разгледувањето на земјата е ограничено само на јапонските граѓани.
foto AP
Слично
