Десет луѓе настрадаа во поплави во Јемен, а меѓу нив има и деца
Во поплавите во Јемен денеска настрадаа 10 луѓе од кои четири се деца.
Тие загинаа во поплавите и уривање на една зграда во главниот град на Јемен, Сана. Четирите деца загинаа при уривање на зграда во Сана, а шест лица загинаа во возило однесено од надојдената вода во близина на главниот град. Јемен е најсиромашна земја на Арапскиот Полуостров, погодена од глад и уништена по седумгодишната војна помеѓу бунтовниците Хути блиски до Иран и владините сили поддржани од коалицијата предводена од соседна Саудиска Арабија од 2015 година. Двете страни договорија примирје, што е во сила од 2 април и треба да трае до почетокот на август.
Слично
