Економија, финансии, бизнис

Контакт

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

Десет лица се хоспитализирани, од кои девет со повреди опасни по живот, по напад со нож во воз, што синоќа патувал низ англискиот округ Кембриџ, јави Би-Би-Си.

Британската полиција го примила првиот повик за нападот во возот што сообраќал од Донкастер до Кингс Крос во 19:39 часот по локално време, по што пристигнала на местото на злосторството и уапсила двајца мажи, јавуваат британските медиуми.

Подоцна полицијата соопшти дека десет лица се во болница, од кои девет со повреди опасни по живот, наведува Би-Би-Си. Во моментов нема смртни случаи. Полицијата потврдила дека на местото на настанот се испратени и сили за борба против тероризмот, додава Би-Би-Си.

- Вооружени полицајци реагирале на инцидентот кратко пред 20 часот и успеале да го совладаат напаѓачот. Уапсени се две лица. Имаше повеќе убоди со нож, изјавил Бен Обез-Џекти, пратеник во британскиот Парламент од Хантингдон. 

Тој посочи дека очигледно е дека станува збор за многу сериозен инцидент

- Патував во економска класа. Слушав музика и одеднаш видов луѓе како трчаат покрај мене. Еден човек прободуваше со нож секого кој ќе сретнеше. Неколкумина од нас се погледнавме, мислејќи дека можеби е шега за Ноќта на вештерките. Но, од изразите на нивните лица сфативме дека ситуацијата е сериозна и почнавме да бегаме. Сите беа во паника, некои од повредените исто така трчаа и нè предупредуваа сите нас, изјави очевидец.

Слично

Поврзани вести