Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Десен сектор“ ги одбива наредбите на Министерството за одбрана

„Десен сектор“ ги одбива наредбите на Министерството за одбрана
Единиците на радикалната организација „Десен сектор“ ги одбива наредбите на украинското Министерство за одбрана, истакнал советникот на претседателот, Јури Бирјуков, пренесуваат украинските медиуми. „Лично понудив план за потполна легализација на „Десен сектор“. Всушност, понудени се многу опции кои предвидуваат договор за задолжително служење, но тие одбија се“, рекол Бирјуков. Според неговите зборови, вооружените сили пред се значат дисциплина, ред, подреденост и команден систем. „Станува збор за чиста фикцоја кога една патриотска унија сака да биде на некој начин легална, но во исто време и автономна и на никого да не му биде подредена“, рекол Бирјуков, пренесува „Тасс“. „Десен сектор“ е федерација на редикални украински националисти формирана во 2013 година и истата е регрутирана од редовите на фудбалските навивачи познати во Украина како „ултрас“. Иако како една од своите цели официјално го прогласува основањето на украинска национална држава низ револуција, на почетокот од своето постоење радикалите агитираа за евроинтеграција и прекин на врските со Русија. Се верува дека припадниците на „Десен сектор“ се одговорни за масакрот во мај минатата година во Одеса, кога беа убиени десетици луѓе кои на собирот против политиката на новите власти во Киев.  
Слично

Поврзани вести